КИРАЦОВСКИ: Заедно со граѓаните ќе обезбедиме слобода, правда и еднaквост во наша Македонија

Сподели

 

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на граѓаните на Македонија им го честита големиот државен празник, 2 август – Ден на Републиката, во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име, ви го честитам државниот празник 2-ри август, Денот на Републиката. Денеска, на овој голем ден оддаваме почит на нашите претци од Илинденското востание и од заседанието на АСНОМ, кои ги поведоа граѓаните кон слобода, независнот и единство и ги поставија темелите на современата, независна и суверена Република Македонија.

Нивните идеали и жртви за слободна и независна Македонија остануваат како трајно наследство во историјата, паметник во сегашноста и патоказ во иднината.

Идеалите за слободна, демократска и заедничка Република Македонија продолжуваат и денес. Македонија ќе биде слободна, модерна, правна и заедничка држава, рамо до рамо со модерните демократски држави и полноправна членка на Европската Унија и НАТО. Социјалдемократскиот сојуз, заедно со вас граѓаните, го продолжува патот зацртан со Илинденското востание и заседанието на АСНОМ. Заедно со вас ќе обезбедиме слобода, правда и еднаквост во суверена, демократска, наша Македонија.

Нека ни е честит и вековит 2-ри август, Денот на Републиката“.