Клатенбург ја доби честа да го суди финалето на ЕП 2016

Сподели

Англискиот судија Марк Клатенбург ја доби довербата од УЕФА да го суди финалето на ЕУРО 2016, помеѓу Франција и Португалија в недела на 10 јули.

mark uefa

Марк Клатенбург беше меѓу тројцата кандидати, а довербата ја доби во конкуренција на Србинот Милорад Мажиќ и Унгарецот Виктор Кашаи.

Овој 41-годишен судија, кој по професија е електричар, доби уште едно признание од УЕФА, бидејќи пред само шест недели ја делеше правдата во финалето во Лигата на шампионите помеѓу Реал и Атлетико Мадрид.

Финалето на ЕУРО 2016 помеѓу Франција и Португалија ќе се одигра в недела од 21 часот на стадионот Сен Дени во Париз.

The post Клатенбург ја доби честа да го суди финалето на ЕП 2016 appeared first on Спорти.


Source: Sporty