Клиничката болница во Тетово доби креативен мурал симбол на нов живот

Сподели

Клиничката болница во Тетово доби креативен мурал што симболизира почеток на нов живот, кадешто се раѓаат новите генерации.

Министерот за здравство д-р Илир Демири потенцираше дека муралот е направен во соработка со невладината организација Лоја и упати голема благодарност до уметникот Ариан Џафери.

-Секоја една индивидуа, независно од кој сталеж и од која структура ако сака да направи добро дело може да се снајде во општеството, може да направиме уметнички дела, па и во болница, рече Демири.