“Клиниката Жан Митрев сака да ја информира јавноста дека и покрај тоа што имаме блокирани сметки секојдневно работиме, правиме сложени кардиохируршки зафати и спасуваме животи на наши граѓани. Исто така после пет дена сметките остануваат блокирани.
Обвинителната Искра Хаџивасилева пред медиумите изјави, – „Ова не е некаква хајка против болницата Жан Митрев“.
Сакаме јавно и прецизно да одговориме низ статистички податоци:
– Во цела држава смртноста од Ковид беше 51%, во Клиника Жан Митрев смртноста беше двојно помала од другите болници во земјава и изнесува 25% и тоа на Интензивна нега.
– Овој процент на смртност од 25 % на интензивна нега во време на Ковид пандемијата во Европа е постигнат само во Германија и во нашата клиника.
– Во Македонија починаа 9663 пациенти од Корона, вие како Јавно обвинителство велите дека 1,7% од починатите биле измамени од нашата клиника.
– Обвинителке што се случува со останатите 98,3% кои починале и нивните семејства во другите болници.
Точно обвинителке Хаџивасилева ова не е „некаква“, ова е многу добро организирана хајка, со обвинителен акт чиј што главен доказ е ТВ емисија со сцени од погреб.
Бидејќи статистичките податоци покажуваат 75% преживување, она што треба да добиеме е извинување и благодарност, а не блокирани сметки и желба за уништување на нашата клиника.
Сите овие бројки укажуваат само на тоа дека вистината е наша страна и дека обвинителниот акт е конструкција и обвинување без никаква основа.
Ние веќе поднесовме жалба на вашето решение и уште еднаш на крајот апелираме за фер судење и деблокирање на сметките со цел да се отстрани притисокот кон секојдневното работење на нашата клиника,” се наведува во соопштението на Клиниката Жан Митрев.