Бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид избришан е од Централниот регистар, откако претходно министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се забранува здружение да го користи името на оваа контроверзна личност.
Од Министерството посочија дека Комисијата смета дека евентуалното именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество и дека постапуваат согласно со одредбите од Законот за здруженија и фондации притоа земајќи го предвид и мислењето на Комисијата и тогаш најавија дека Решението ќе биде доставено до Централен регистар на Република Северна Македонија за понатамошно постапување.