Коалиција за промени и правда: Ќе го откриеме скриениот капитал стекнат на криминален начин и ќе го вратиме на граѓаните

Сподели
Од митингот на Коалицијата за Промени и Правда, во Гевгелија, Слободан Богоески порача и во Алјаска да побегнете вие од власта, ќе ве вратиме и вас и капиталот што го однесовте во странство. Гевгелија ќе биде модерен европски град, а младите ќе можат да создаваат и творат овде во Македонија.
jove-1-300x177
Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, нагласи дека, набрзо Гевгелија ќе се справи со разулавената банда која го тероризира градот и ќе се ослободи од режимот. Проектот ДЕКРИ ќе го имплементираме во целост, ќе го откриеме скриениот капитал стекнат на криминален начин и ќе го вратиме на граѓаните.
pavle-225x300
Со економската програма, предвидуваме 800 милиона евра за економски развој, како и 2% од Буџетот за вработување на младите.
Влез во НАТО и членство во ЕУ,без да се менува Уставот.
Екстерното тестирање ќе го укиниме, за две третини ќе ги намалиме паричните казни, само 100 денара суддка такса, ќе ја укиниме радиодифузната такса.
Зголемувањето на платите (300 евра најниска), ќе ја зголеми продуктивноста и ќе ги мотивира младите да останат овде во Македонија.
Трајанов ги повика граѓаните да гласаат за Слободан Богоески и за другите кандидати за пратеници од Коалицијата за Промени и Правда.
Силна и недвосмислена е определбата на граѓаните за промени. Нека објавуваат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ фалсификувани анкети, тоа нема да им помогне, со нас е народот, на 11-ти декември ќе славиме голема победа на чесноста, искуствотото и стабилноста.
jove-202x300
На митингот се обрати и Јове Кекеновски, кој рече дека веќе се здружиле федаралистите и тие што цртаат карти за поделба на Македонија. Но ние ќе ги поразиме, Македонија е и ќе биде унитарна држава.