Која е Лиде Лиде која што ќе оди на кафе со министерот со насмевка од милион долари?

Сподели

 

 

За време на КОВИД-19 пандемијата, на пресовите на министерот за здравство д-р Венко Филипче, кој многу внимателно и професионално ја објаснуваше новонастаната здравствена состојба и ги објавуваше бројките на новозаразените, кластерите и најтешкиот момент – бројот на починатите, борбата за справувањето со кризата, давајќи еден смирувачки тон и препораки како понатаму луѓето здравствено и психолошки да се изборат во овие тешки моменти, на прес-конференциите кои тој ги водеше, се појави личност Лиде Лиде со прашања директно упатени до министерот, кои во почетокот пројавуваа сомнеж: дали Лиде Лиде навистина сака да пие кафе со министерот, дали тоа е во ред, за да кога ќе ја немаше на некоја од неговите прес-конференции, сите ја бараа: каде е таа и зошто не поставува некое специфично за неа прашање или коментар? Како на пример:  “Министре, не сум респиратор ама дишам за Вас, Многу ме игнорирате, за едно кафе толку многу чекање. Барем да се јавите и да ми дадете надеж. И насмевнете се, имате насмевка од милион долари.”

Најомиленото прашање на Лиде Лиде беше: “Драг министре, короната е погребана веќе, само вие не попуштивте едно кафе да испиеме, чисто да не се врати во некој друг облик. Целата држава и дијаспората навива за кафето. Согласете се веќе еднаш, ги измачувате сите а највеќе мене.”

Министерот Филипче запрашан од новинар, во тв емисијата Клик Плус, дали ќе пие кафе со толку упорната Лиде Лиде, тој одговори: “Штом заврши вирусот ќе пијам кафе со Лиде Лиде”.

ДЕНЕС: Која е Лиде Лиде? И всушност, како започна оваа интересна ситуација, да му предложиш кафе-средба на министер за здравство во најтешките моменти?

ЛИДЕ ЛИДЕ: Лиде Лиде е пола човек, пола ѕвер…Од Бени Шаќири. Ми се стемни од намќорести, злобни луѓе. Затоа гледам да имам што повеќе моменти со смеа. Предлогот за кафе беше спонтан. Нели, кафе се пие во секакви мигови тешки, среќни, тажни.

ДЕНЕС: Прашањата и коментарите продолжуваа. Многумина беа поделени. Едните мислеа дека се работи за вистинска желба, додека за другите ова беше релаксација која им побудуваше насмевка додека тој говореше. Каква беше и е вистинската намера со кафето?

ЛИДЕ ЛИДЕ: Кафето беше забава која прерасна во сериозна желба на половина пат.

 

 

ДЕНЕС: Дали чувствуваш дека со твоите пораки внесе мала ведрина која ќе остане засекогаш запаметена кај луѓето?

ЛИДЕ ЛИДЕ: Па, вака кога ќе ги разгледам страниците за забава низ интернет и кога ќе ги слушнам позитивните луѓе што сакаат и разбираат шега, би требало да ме памтат. Забавувајќи се себеси, ги забавував и другите. Некој ми рече дека влегов во историјата.

ДЕНЕС: Во вчерашната емисија Клик Плус, на прашњето на новинарот Дали министерот ќе пие кафе со тебе, тој одговори: “Штом заврши коронавирусот, ќе пиеме кафе!” Дали те изненадии дали го очекуваше овој потврден одговор?

ЛИДЕ ЛИДЕ: Ме изненади шокантно. Воопшто не го очекував на тој начин.

ДЕНЕС: Лиде-Лиде, каде ќе го пиете кафето? Дали ќе чекаш министерот да го предложи местото за средба или ти веќе имаш план за долгоочекуваната средба?

ЛИДЕ ЛИДЕ: Дали му звони Филипини во уво? За кафе де. Ок, може он да одбере, секако.

ДЕНЕС: Пред да се случи средбата, што ќе му порачаш на министерот Филипче?

ЛИДЕ ЛИДЕ: Да ме припреми министерот една недела пред средбата за кафето. Да направиме заедничка прес-конференција и да не биде опасно сериозен.

denesmagazin.mk