Шефот на Мисијата на ОБСЕ: Пратениците да ги стават интересите на земјата пред сѐ

Сподели

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која, порача дека Собранието и политичките лидери сега треба да донесат одлука во врска со натамошните перспективи на земјата.

„Кога такви прашања доаѓаат во Собранието, пратениците имаат одговорност да ги стават интересите на земјата пред се друго“, вели Која во интервју за МИА, нагласувајќи дека успехот на земјата во постигнувањето Договор со Грција во врска со долготрајниот спор е многу позитивен пример за целиот регион.

Амбасадорот, кој на чело на Мисијата на ОБСЕ во Скопје дојде на 17 септември, непоспредно пред референдумот, во интервјуто изразува задоволство што во земјава пристигнал токму пред плебисцитарното изјаснување на граѓаните и изразува задоволство од оценката на ОДИХР за референдумот.