Колумбија трета на Копа Америка

Сподели

Фудбалската репрезентација на Колумбија го освои третото место на Копа Америка.

Колумбија во „малото финале“ славеше против домаќинот САД со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Карлос Бака во 31 минута.

Финалето на јубилејното 100-то издание на Копа Америка ќе се одигра во ноќеска во два часот по македонско време. За титулата ќе се борат Аргентина и Чиле.

Овие две селекции играа и во минатогодишното финале на Копа Америка кога Чиле по изведувањето на пенали ја освои титулата.