За пет дена уништени се 104 лаборатории за производство на кокаин, кои годишно произведуваат околу 100 тони дрога, соопшти началникот на колумбиската полицијата за борба со наркотици, додавајќи дека полициската операција е спроведена во џунглата во југоисточниот регион на земјата.
Директорот на полицијата за борба со наркотици, Хосе Анхел Мендоса, истакна дека последната полициска акција е удар врз финансиите на шверцерите на дрога. Тој додаде дека специјалните полициски сили ги опожариле лабораториите.