Командатот на „Алфите“ куртули од суспензија, Кривичниот совет ги отфрли жалбите на СЈО

Сподели

Krivicen-sud-860x680

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје ги отфрлил како неосновани жалбите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на одлуката на судијата на претходна псотапка да не им одреди мерки на препазливост на командантот на полициската едница „Алфа“, Ивица Антевски – Пуки, и на неговите петмина колеги, осомничени во случајот „Тортура“, соопштија попладнево од Кривичниот суд.

Антевски и неговите колеги се товарат за нечовечко постапување при апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на почетокот на јуни 2011 година, еден ден по парламентарните избори. Првоосомничен во овој случај е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, кој, според СЈО, го нарачал апсењето на Бошкоски.  За него СЈО не побара ниту притвор, ниту мерки за претпазливост.

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по жалби на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) , изјавени против решенијата на судија на претходна постапка од 14 јули 2016 година за предметот на СЈО во јавноста познат како „Тортура“, по одржана седница донесе решенија со кои жалбите на обвинителството ги одби како неосновани. Со донесените решенија, советот ги потврди одлуките на судија на претходна постапка со кои беше одбиен предлогот на СЈО за определување мерка за претпазливост – забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело против шест лица“, стои во соопштението на судот.

Во решението на Кривичниот совет со кое се отфрла жалбата на СЈО по одбивањето на судот да му одреди мерки на претпазливост на командантот на единицата „Алфи“, се наведува дека судијата на претходна постапка „правилно утврдил дека не постојат околности кои укажуваат на оправданост за определување ваква мерка за осомничениот“.

„…Неопходно е предлогот за определување на ваквата мерка да содржи доволно докази за постоење особени околности кои го оправдуваат изрекувањето на мерката“, стои во решението на Кривичниот совет.

Во жалбата од СЈО, според решението на Кривичниот совет, било наведено дека судијата на претходна постапка погрешно ја утврдил фактичката состојба околу причините за изрекување на мерките на претпазливост, односно дека целта на мерката не е обезбедување на присуство, туку „заштита на системот и потенцијалните жртви од идни незаконити постапувања од страна на осомничениот“.

Извор:http://meta.mk/komandatot-na-alfite-kurtuli-od-suspenzija-krivichniot-sovet-gi-otfrli-zhalbite-na-sjo/