Комисијата одлучи да им се одземе имунитетот на шестмината пратеници

Сподели

Комисијата за мандатно-имунитетни прашања едногласно со  5 гласа „за“ и ниту еден глас “против”, им ги одзеде имунитетите на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски.

Претходно пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, рече дека пратениците од неговата партија ќе гласаат за одлуката на судот.

Претседателот на комисијата, пратеникот Павле Богоевски, ја отвори седницата, а во салата не дојдоа пратениците членови од ВМРО-ДПМНЕ. Богоевски констатираше дека има кворум. Во салата во Собранието не беа ниту пратениците кои се тема на дискусија, односно за кои се одлучуваше дали ќе им биде одземен имунитетот.00