Полицискиот час за претстојниот викенд кој е продолжен со два празника, според предлогот на Комисијата за заразни болести треба да почне во сабота во 19 часот и да заврши во 5 часот во вторник. Овој предлог Комисијата го достави вчера до Владата.
Според министерот за здравство Венко Филипче, ова се должи на непочитувањето на мерките од страна на одредени граѓани, а зголемениот број новозаразени со COVID-19 е поради настаните и семејните собири што се случувале изминатите денови. Надлежните сметаат дека со ваква ригорозна мерка ќе се постигне вистински ефект.
„Во таа смисла само една ваква ригорозна мерка мислиме дека ќе има вистински ефект“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче“.