Македонија ја покоси грипот. До сега во системот Мој термин, се евидентирани повеќе од 7.800 заболени од грип од почетокот на месец декември до денес, информираа од Комисијата за заразни болести.
По одржаната седница, дадоа пакет на препораки. Во попладневните часови во петок и во сабота да се изврши темелна дезинфекција на сите детски градинки низ државата, а во училиштата да се изврши дезинфекција за време на распустот.
Комисијата препорачува и редовна дезинфекција (еднаш на секои 2 недели) во периодот на сезона на грип. Треба да се избегнува и престој во поголеми собири.