Коневски: Талевски е чесен, а Јанева треба да се соочи со срамот и судот на јавноста

Сподели

993800_475757799208482_1244679788_n

Владимир Талевски е еден од најдобрите градоначалници во Република Македонија, изјави денеска градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, додавајќи дека Талевски чесно и совесно си ја вршел својата функцијата од 2005 година наваму и затоа три пати по ред ја добива поддршката на битолчани.

– Тоа добро го знае и аболираниот криминалец Зоран Заев. Тој знае дека со луѓе како Владимир Талевски, деструктивната политика на СДСМ никогаш нема да добие поддршка од граѓаните. Затоа Зоран Заев кој е аболиран за криминал тежок осум милиони евра, нарачува политички прогон на градоначалници и функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа Катица Јанева постојано ги следи неговите наредби. Таа мора да биде негов послушник за да ја оправда платата од 3.000 евра. Затоа СДСМ се закануваат и вршат притисоци врз судиите, бидејќи знаат дека тука не станува збор за правда базирана на какви било докази, туку за класичен политички линч – рече Коневски.

Градоначалникот на Аеродром истакна дека Јанева и судиите кои подлегнале на притисокот од СДСМ се должни да и објаснат на јавноста како е можно да се бара и да се изрече мерка куќен притвор за градоначалникот Талевски, а да нема таква мерка за градоначалникот на Струмица.

„Како е можно Владимир Талевски кој редовно се јавуваше на сите судски покани да биде во куќен притвор, а Зоран Заев кој јавно изјавуваше дека за него не постојат македонските судови и дека нема намера да се одѕива на поканите да биде на слобода? Конечно Катица Јанева треба да се соочи со срамот и судот на јавноста. Треба да ја каже вистината дека нема никаква вина кај Талевски, ниту некаква материјална штета за државата. Запазена е целосно законската тендерска процедура и избрана е најдобрата понуда. Дали Катица Јанева знае колкава е просечната цена по ученик во Куманово? Ако не знае, ние ќе и помогнеме. Медиумите веќе објавуваа дека просечната цена за превоз по ученик во Куманово е за 2,5 пати повисока отколку цената која што ја плаќа општина Битола. Ова е факт. Од овој факт бега и Зоран Заев и Катица Јанева“, рече Коневски.

Според градоначалникот на Аеродром, селективниот пристап на Јанева е уште еден доказ дека тоа што го прави нема никаква допирна точка со правдата и оти Талевски е жртва на политичкиот прогон на Заев и Јанева.

Коневски: Талески е чесен, а Јанева треба да се соочи со срамот и со судот на јавноста