Конференција на економскиот комитет на ПД-ЦЕИ во Букурешт

Сподели

 

На парламентарната конференција на економскиот комитет на Парламентарната димензија на Централно-Европската иницијатива, која се одржа од 27 до 29 март 2023 година во Букурешт, Романија, учествуваше и делегацијата на ПД-ЦЕИ од Собранието на Република Северна Македонија составена од пратениците: Рашела Мизрахи во својство на шеф на делегацијата и пратеникот Арбен Зибери како член на делегацијата.  

 

 

Тема на оваа конференцијата на економскиот комитет на ПД-ЦЕИ беше ,,Економските последици врз државите од ЦЕИ регионот предизвикани од војната во Украина “.

Во поздравниот дел на конференцијата обраќање имаше г-ѓа Розалиа-Иболуа-Биро, која е шеф на Романската делегација на ПД ЦЕИ а воедно  и претседавач со економскиот комитет на ПД ЦЕИ. Свои обраќања во врска со темата имаа и г-ѓа Ивана Холоубкова во својство на заменик-генерален секретар на ЦЕИ, г-дин Траиан Лаурентиу Христеа претставник од Министерството за надворешни работи на Романија како и  гости студенти од неколку Романски универзитети. Главен акцент на оваа сесија на економскиот комитет на ПД ЦЕИ беше ставен на економските последиците врз економијата во земјите членки на ЦЕИ предизвикани од воените дејствија во Украина. Во таа насока и посебен акцент и внимание беше ставен на Украинската делегација на ПД ЦЕИ каде што членот на делегацијата г-ѓа Ханна Бондар даде свое видување за моменталната економска ситуација во нивната земја и последиците предизвикани од Руската агресија.

Во рамките на оваа конференција свое обраќање имаше и г-ѓа Рашела Мизрахи во својство на шеф на делегацијата на ПД ЦЕИ на Собранието на Република Северна Македонија, каде што ги истакна економските последици врз македонската економија предизвикани од војната во Украина кои посебно се одразија врз намалениот економски раст и инфлацијата во нашата земја. Таа се задржа на повеќе аспекти и прецизни параметри околу новонастанатата ситуација на економски план.  Пратеничката Мизрахи во рамките на дебатата се осврна и на темата околу нашите очекувања за интеграција и почнувањето на преговорите со ЕУ.

Конференцијата заврши со завршните зборови и обраќањето на г-ѓа Розалиа-Иболуа Биро, шеф на Романската делегација на ПД ЦЕИ, при што таа се заблагодари на учесниците на оваа дебата и истакна дека нивните размислувања и ставови се добредојдени и претставуваат  еден поттик и насоки каде и како да се фокусираат земјите од ЦЕИ регионот во справувањето со последиците од оваа сложена ситуација.

На крајот г-ѓа Розалиа му посака успех на членот на делегацијата на ПД ЦЕИ од Молдова, која воедно е и претседавач оваа година со ПД ЦЕИ и при тоа ги покани членовите на делегациите да земат активно учество на претстојниот редовен пролетен комитет на ПД ЦЕИ што треба да се одржи во Кишињев, Молдова во периодот од 23-24 мај оваа година.