Конференција на Црвениот крст на РС Македонија и Бугарија во Софија

Сподели

 

Во периодот од 7-9 јуни 2023 година во Софија, во организација на Црвен крст Бугарија, се одржа финална конференција во рамките на проектот: Зајакнување на прекуграничната подготвеност преку заедничко менаџирање на стоковите резерви за итни состојби во Југоисточна Европа.
 
На конференцијата, партнерите ги демонстрираа постигнатите резултати од проектот X-Сток: подготвени анализи на системи за управување со стокови резерви при катастрофи, механизми за меѓународна помош и препораки за подобрувања, стандардни оперативни процедури за споделување, нудење и примање меѓународна хуманитарна помош од стоковите резервите за катастрофи во партнерските земји, како и онлајн платформа за споделување и брза прекугранична испорака на достапни материјали за хуманитарна помош.
 
 
 
 
 
Во рамките на конференцијата беше потпишан договор меѓугранична помош и за продолжување на соработката и проширување на составот на партнерските организации кои учествуваат во механизмот X-Сток во наредните години.
 
На конференцијата Генералните секретари на националните друштва од регионот кои се партнери во проектот, се вклучија онлајн каде го изкажаа своето мислење за проектот, потпишаните договори за прекугранична соработка и поддршката што ке ја дадат во иднина за користење и развивање на Х-СТОК и соработката на планот за одговор при катастрофи.