Кони и Пикси од Македонија ќе бараат преживеани под урнатините во Турција

Сподели

 

Армијата на РС Македонија упати тим за претрага и спасување составен од 24 армиски припадници и две кучиња, коишто веќе заминаа за Турција.

Белгиски овчар и лабрадор Кони и Пикси се дел од тимот за претрага и спасување на АРМ, коишто ќе бараат преживеани под урнатините. Во спасувачка мисија заминаа со нивните инстуктори, кои се усовршувале за претраги токму во Турција.

„Кучињата спасувачи“ се на 5-6 годишна возраст и имаат поминато комплетна специјалистичка обука за претрага во армиски Центар за обука и дресура на службени кучиња. Спасувале и во поплавите и трагале по исчезнати лица. Тие се обучени за трагање од командата за обука и доктрини и ќе го вложат нивниот максимум за спасување на човечки животи под урнатините, настанати од катастрофалниот земјотрес во нашиот сојузник Турција“, информираа од АРМ.

Извор: дв, фото дв