Италијанскиот премиер Џузепе Конте рече дека „нема зборови“ за луѓето кои го негираат постоењето на коронавирусот и порача да ги погледнат бројките, пренесе МИА.
Во врска со најавите за митинзи на противниците на вакцината за коронавирус и луѓето кои ја негираат пандемијата, Конте се обрати „на оние што се собираат во Рим и кои мислат дека пандемијата не постои“ и одговори со бројки: „Повеќе од 274.000 заразени и околу 35,000 мртви. Точка”.
Бројот на заразени лица на дневна основа, кој се намали на почетокот на летото и беше под 200, во петокот надмина 1.700, што е најголемо зголемување на дневно ниво од почетокот на мај,
Повеќето од новозаразените се луѓе кои се враќаат од годишен одмор, претежно млади, а Конте рече дека Владата ќе интервенира доколку работите се влошат.