Концерт на Националниот џез-оркестар

Сподели

Во салата на Филхармонијата утревечер (30 ноември) во 20:00 часот, Националниот џез-оркестар ќе го одржи концертот „Голден рок свингс“ („Golden Rock Swings“).

„Подгответе се за уникатно музичко доживување кое ќе ги спои најдобрите рок-хитови со магијата на џезот. Џез-оркестарот ќе ги претстави легендарните рок-песни во сосема ново светло, преку виртуозни џез-аранжмани. Оваа вечер ќе биде исполнета со енергија, страст и музичка мајсторија која ќе ве остави без здив“, најавуваат од Националниот џез-оркестар.

Ексклузивни гости на концертот ќе бидат: Бранислав Николов од „Фолтин“, Џон Илија Апелгрен и Светлана Јовановска.