Националниот џез-оркестар на 1 јуни (сабота) во 20 часот во Македонскиот народен театар ќе одржи концерт со двајца исклучителни гости – Џон Рајли на тапани и Зиг Фајгл, веќе добро познатиот диригент и пријател на македонскиот џез-состав.
На програмата ќе бидат композиции од оркестарот „Тед Џонс/Мел Луис“, од оркестарот „Vanguard Jazz“, како и од „Бади Рич биг бенд“ и оркестарот „Стен Кентон“, создадени од повеќе различни композитори, меѓу кои: Тeд Џонс, Џим Мекнили, Боб Брукмаер, Бил Холман.