Концерт на ЗИЈАН во МКЦ

Сподели

ЗИЈАН се враќа на сцената на МКЦ по 30 години!

Со гордост ви најавуваме незаборавен концерт на легендарниот бенд Зијан, кој последен пат настапи во МКЦ во раните 90-ти, пред цели 30 години.

Ова е ексклузивен настан кој ја слави нивната 42-годишна кариера и неверојатната енергија на оригиналниот состав кој и денес со иста страст ги изведува своите хитови.

Од победата на „Гитаријада“ во Зајечар до настапите со бендови како „ЕКВ“, „Партибрејкерс“, „Електрични оргазам“, Зијан останува важен дел од музичката историја на Македонија и регионот.

7-ми ноември (четврток),  Локација: МКЦ Денсинг сала
Билетите ќе бидат пуштени наскоро – затоа следете нѐ!

Ова е ретка можност да се види и слушне цел оригинален состав во живо, затоа не ја пропуштајте оваа историска вечер!