Во вторник, 6 декември, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе се одржи концерт по повод 50 години од основањето на Факултетот за музичка уметност – Скопје.
На концертот ќе настапат: Симфониски оркестар, Биг-Бенд, Хор, Оркестар на народни инструменти, Вокални солисти Диригенти: Сашо Татарчевски, Саша Николовски – Ѓумар Програма: Ж. Глишиќ, Г. Свиридов, И. Стравински, Д. Мијо, Х. Вила-Лобос и А. Гинастера.
Концертот е во соработка со продуцентската куќа „La Fura dels Baus“ од Шпанија.