Концерт “Заборавениот звук” во спомен на Климе Садило

Сподели

 

Во чест на виртуозот на виолина Климе Садило дренеска 21 јуни, „Чалгија саунд систем“ ќе одржи концерт пред платото од Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Концертот е дел од проектот „Заборавениот звук – во спомен на Климе Садило“, во организација на здружението „Арт вивенди“.

Присутните ќе можат да ја погледнат и изложбата со фотографии од Садило со тајфата, реализирана со поддршка на Оливера Мишева и НУ Заводот и Музеј Охрид.

Инаку, Климе Садило е претставник на македонската чалгиска традиција, што како културно добро најинтензивно била негувана во македонските градски средини, претежно во 19 и во 20 век.

Покровител на настанот е Министерството за култура.