Конзервација на палатата на локалитетот „Билазора“

Сподели

 

Во тек е конзервацијата на палатата на локалитетот „Билазора“ во Свети Николе, која ја реализираат тимови од Завод и музеј на град Штип и Филозофски факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.

Досегашните истражувања зборуваат оти градбата започнала околу петти век пред нашата ера, а веќе во четвртиот век е во полна употреба. Во овој период има и податоци за кралеви и историски настани поврзани со нив, што е една нова недоволно позната историска страница.

Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, Митко Штерјов рече дека конзервацијата на владетелската палата на „Билазора“ во Свети Николе е проект поддржан со Програмата на Министерството за култура.

Тој посочи дека претходниот месец беше реализиран проектот за археолошки истражувања на Пилав Тепе, каде е откриена огромна базилика, а за следниот период останува уште проектот на Трескавичка чука на езерото Мантово. Со ова, Програмата од областа на заштитата на културното наследство би била реализирана најдоцна оваа есен.