с.Рибница, 5 Јуни, 06:00ч
На 05.06.2016 (недела) ДПС Трансверзалец организира планинарска акција за искачување до Корабски Водопад од с. Рибница
Корапскиот водопад (Пројфелски водопад) — водопад во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Мал Кораб. Во зависност сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет.
Горната точка на водопадот се наоѓа на надморска височина од околу 2.050 м, а долната е на надморска висина од околу 1.950 м.
- Карактеристични точки: с.Рибница 1000 мнв – Попова Ливада – превој Пралуга – Длабока река
- Должина на патека вкупно: 23 км
- Времетраење: еднодневна акција
- Цена за превоз: 600 ден
- Поаѓање: во 6.00 ч, Пошта- Железничка Скопје
- Пријавување : најкасно до 03.06.2016
Во 12.30 – 13 ч. Е предвидено пристигнување кај водопадот
Акцијата завршува во 19 ч. со пристигнување назад во с. Рибница
Акцијата спаѓа во категоријата тешки планинарски тури
Потребна опрема: планинарски кондури со тврд ѓон, облека според најавата за временската прогноза, планинарски стапчиња, храна за целодневен престој на планина, течности најмалку 1 л. попатно има извори-чешми на кои може да се дополни вода.
Напомена:
Секој учесник зема учество на сопствена одговорност, и одговара за својата психофизичка подготвеност.
Информации и пријавување на тел: Зоран Костадинов 070/641-998