Клучната точка на планот на ЕУ е заедничка карта на инфекциите која ќе ја изработува Европскиот центар за спречување и контрола на болести. На таа карта, европските региони ќе бидат поделени во зелени, портокалови и црвени зони според зафатеноста со коронавирусот, односно според бројот на новозаразени на 100,000 жители и процентот на позитивни тестови.
Предлогот предвидува црвени зони да бидат региони каде бројот на случаи на Ковид-19 надминува 50 на 100,000 жители во период од 14 дена, а процентот на позитивни тестови е најмалку 4%. Регионите со помала позитивна стапка но каде што вкупниот број на случаи е над 150 на 100,000 жители исто така ќе бидат квалификувани како црвени.
Со ширењето на пандемијата во март годинава, неколку ЕУ членки одлучија на своја рака да воведат забрани за патување и ги затворија границите без консултација со соседите, предизвикувајќи големи застои на границите и успорување на транспортот на медицинската опрема.
„Новиот систем ќе биде олеснување за граѓаните. Мило ми е што го најдовме ова решение заедно“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Текстот во целост прочитајте го тука