Кошаркарската Евролига пред историска одлука! – Нејзината судбина е во рацете на Џоковиќ!?

Сподели
пехар

Loading

Средбата на челниците на Евролигата ќе се одржи кон средината на март, а единствена точка на неа ќе биде изјавата за бизнисот со луѓе од Обединетите Арапски Емирати.

евролига1

Се очекува дека 13-те клубови кои се носители на лиценцата од Евролигата А да се изјаснат дали поддржуваат влез во бизнис со Дубаи.

Понудата е следна:

Евролигата би добила 150 милиони евра за шест сезони, а клубот од Дубаи организација на Ф4 турнирот во 2025 и 2029 година.

Контактите и разговорите траат подолго време, но во последните месеци се е доведено на посериозно ниво.

Претставници на 13-те клубови (Барселона, Реал Мадрид, Басконија, Олимпијакос, Панатинаикос, Анадолу Ефес, Фенербахче, Макаби, Жалгирис, Олимпија Милано, ЦСКА, Баерн Минхен и Асвел) отпатуваа во Дубаи во октомври на средба со потенцијален партнер на Евролигата.

На чело на проектот е Абдула Ал Набодаг, сопственик на КК Дубаи, а во негово име голем дел од преговорите водат Дејан Камењашевиќ, но и Ѓорѓе Џоковиќ, братот на најдобриот светски тенисер Новак.

Оваа иницијатива има поддршка и од шеикот на Обединетите Арапски Емирати!

The post Кошаркарската Евролига пред историска одлука! – Нејзината судбина е во рацете на Џоковиќ!? first appeared on .

Powered by WPeMatico