Костадинов: Сѐ дури не се оградите од бегалецот ВМРО-ДПМНЕ нема да дојде на власт

Сподели

 

Во своето обраќање на денешната седница на Собранието на Република Северна Македонија, пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов истакна дека се додека пратениците на  ВМРО-ДПМНЕ не се оградат од бегалецот и осуден криминалец, Никола Груевски немаат кредбилитет да зборуваат за одговорност и реформи.

– Ја користам оваа прилика да потенцирам дека вие како опозиција треба да понудите некакво  решение, а вие немате апсолутна никаква понуда, така на власт не се доаѓа. Сѐ дури не се оградите од бегалецот со лисици кој уште ви дава насоки како да постапувате и што да зборувате преку неговиот пион Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ нема да дојде на власт.  Свртете се кон себе, полни сте со криминал, само погледнете зад вас имате пратеник обвинет за 27 април, тоа кажува се и затоа граѓаните нема да дозволат да се вратите на власт, порача Костадинов.