Заменик-министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски соопшти дека денес официјално ќе ја поднесе кандидатурата за лидер на СДСМ.
– “Денес официјално ја поднесувам кандидатурата за претседател на СДСМ во седиштето на партијата, по што во 12:30 часот ќе дадам изјава пред главниот влез”, информира Ковачевски.