Ковачевски: Министерот Сали да размисли дали може да го продолжи мандатот

Сподели

 

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја коментираше смртта на Благојче Илиевски, пациент со цистична фиброза кој не доби терапија со лекот „трикафта“.

„Разговарав со министерот Сали и му кажав дека ова е неприфатливо. Му реков да размисли и да ми каже дали може да го продолжи мандатот, а јас мојата одлука ќе ја донесам после тоа. Разговарав и со директорот на Фондот за здравство. Немам намера да чекам низ бирокартските лавиринти, затоа утрово да се преземат конкретни чекори. Да се одвојат веднаш финансиски средства од фондот за здравство за накритичните болни од цистична фиброза. Не може да се чекаат тендери кога е лек кој го произведува еден производител. Бидејќи нема време за чекање, ова е вонредна мерка, и јас немам намера да ни умре друг пациент поради оваа бирократија“, изјави Ковачевски.