Ковачевски-Сарацин: Одлуката за уставните измени е одлука да се биде дел од ЕУ

Сподели

 

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со специјалниот претставник на Сојузната Влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин. 

На средбата, специјалниот претставник Сарацин ја потврди силната поддршка на германската Влада за натамошниот напредок на Северна Македонија на евро-интеграцискиот пат и ги реафирмираше заложбите и очекувањата на Германија државата да продолжи забрзано во таа насока.

Претстојната одлука за носење на уставните измени пред која е исправена Северна Македонија, како што беше нагласено, е одлука да се биде дел од ЕУ.  При тоа, премиерот Ковачевски го истакна очекувањето од Германија, како најголема ЕУ членка, и натаму да игра клучна улога за европската иднина на земјите од Западен Балкан.

Заеднички беше констатирано дека Северна Македонија е пред историски, неповторлив момент којшто неминовно води до забрзан економски развој и создавање на просперитетна, европска држава што ќе овозможи поквалитетен живот за сите граѓани.