Ковачевски: Здружени со План, акција и решенија за надминување на енергетската криза

Сподели

 

Денешниот состанок на Советот за безбедност го договаравме во изминатиот период со Претседателот на државата. За мене како Шеф на Владата, како најодговорен е многу значајно што заеднички добивме поддршка за сите напори кои во изминативе месеци, од мојот почеток како Премиер на Владата ги правиме.

Прво, да ги подготвиме сите ресурси на државата за максимално, досега, во последните декади, зголемено производство на сопствена енергија!

Планот за производство на ЕСМ, државната компанија за производство на електрична енергија оваа година ќе го зголемиме за 25 %. И реализацијата на планот ќе ја следиме секојдневно. Ќе го следиме спроведувањето на задачите кои се дадени на ЕСМ компанијата и тоа почнувањето со третиот блок во РЕК Битола, почетокот на работа на вториот котел на резервната ТЕЦ Неготино, работата на хидроцентралите и многу важно користењето на целиот потенцијал и ставање во функција на когенеративната гасна централа ТЕ-ТО во Скопје и пред се и за време и по грејната сезона како и користење на сите обновливи извори на енергија на сонце, ветер и вода.

Во најтешкиот период за нас кој започнува на 01.10 до следниот април односно април идната година и понатаму до почетокот на летото на сите македонски граѓани дома на сите ученици, и студенти, на сите микро, мали и средни бизниси да им обезбедиме најниска можна цена на електрична енергија, најниска можна цена и непречено снабдување со топлинска енергија, воопшто енергија за нивните потреби каде и да се, кога и да е! По сегашната цена, со задржување на евтината струја и со гаранција за 24 часа целосна достапност!

За средниот и големиот бизнис, како што беше побарано од стопанските комори, сегашните домашни повластени производители на струја, ќе продолжат да работат за истата пониска тарифа за слободниот пазар, цена која е далеку пониска од берзанските цени. Берзански цени кои се во постојан раст заради недостатокот на електрична енергија на европскиот континент.

Подолго време работиме и ќе го зголемиме домашното производство на електрична енергија за најмалку 25 проценти каква што задача доби ЕСМ. За да имаме целосно достапна енергија, по цени како сегашните, најниски во Европа, за сите граѓани и домаќинства, обезбедивме директни субвенции за сите граѓани од Буџетот преку кои се субвенционира цената на електрична енергија која се испорачува до дистрибутерот на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.

Следната цел е преку преземање на работењето на БЕГ и на другите капацитети потребни за обезбедување на топлинска енергија од страна на ЕСМ со оглед на тоа што БЕГ не можеше да ги извршува своите услуги во овие услови, а градот Скопје одби да ја преземе оваа комунална дејност која е во негова надлежност ЕСМ е тој кој по завршување на сите процедури ќе го преземе снабдувањето непречено со топлинска енергија за 55. 000 домаќинства на град Скопје.

За бизнисот, планот за снабдување со енергија, целта е да обезбедиме цена на електричната енергија за функционирање и опстојување на бизнисите, по цена која е пониска од берзанската цена и кои би биле издржливи за бизнисот. Не само заради бизнисот, туку најмногу заради задржување на работните места, а тие значат задржување на семејствата, на производот, на нашата економија и држава!

Досега се направени следните активности кои се дадени како задача и задолжение на соодветните компании, министерства, институции во енергетскиот сектор:

Обезбедување на  јаглен потребен за производство на електрична енергија во РЕК Битола и Осломеј,

Обезбедување на мазут, потребен за производство на електрична енергија во ТЕЦ Неготино и потребен за производствениот процес во РЕК Битола и Осломеј,

Обезбедување на гас потребен за производство на електрична енергија во ТЕ-ТО и во централата Когел во сопственост на ЕСМ,  

Обезбедување на дизел гориво и обезбедување на дополнителна електрична енергија.

Во најтешката криза по Втората светска војна, нашата основна цел е државата, граѓаните и бизнисот да се задржат да функционираат и да растат.

. Оваа есен, зима, следната пролет се најтешка во повоената македонска држава и ние тоа ќе го издржиме и пребродиме заедно. Планот за тоа е договорен, денес презентиран и во претстојниот период веќе се работи на негова реализација. Веќе работиме за нов енергетски План за следната Пролет, и дополнително на план за максимално зголемување на домашното производство на храна којшто исто така е еднакво значаен процес.

За сето ова го информирав Советот за безбедност во многу поголеми детали.

Овој План, кој го заокруживме со многу месеци домашна подготовка, и со поддршка од нашите регионални, европски и меѓународни сојузници, план којшто ги има следните цели:

1. Сите македонски граѓани и домаќинства да имаат целосна, достапна и одржлива електрична и топлинска енергија!

2. Сите македонски граѓани и домаќинства да имаат целосно, достапно и одржливо снабдување со храна!

3. Сите македонски компании да имаат целосна, достапна и одржлива електрична и топлинска енергија, по цени пониски цена од берзанската!

4. Владата останува целосно посветена, низ внатрешен, регионален и меѓународен дијалог да ги подобри уште повеќе перформансите на домашното производство и екстерната оптимална поддршка!

5. Бараме штедење на енергијата од сите граѓани и бизнисот, но пример за тоа ќе биде прва Владата, владините и јавните институции согласно објавениот План за штедење од 1 Септември. Истиот од наша страна ќе го зајакнеме!

6. Во наредниот период за сите детали ќе ги информираме стопанските комори, медиумите и граѓаните.

За ова што се случува, се подготвувавме, и сме подготвени. За сите дома, со јасен план за пребродување на оваа зима се до април 2023 година. Сите надвор кои досега ни помагаат како за себе ги сметаме како домашни пријатели.

Дали постојат ризици, да, постојат ризици. Непредвидени испади на термо блоковите во Битола и Осломеј заради апсолутната застареност на опремата кои се постари од 40 и 50 години. Непредвидливи ризици во цената на природен гас и електрична енергија до ниво на неиздржливост на цените во светски рамки.

Евентуални забрани за извоз на природен гас и други енергенси и суровини за производство на електрична енергија и заради тоа имаме мноштво состаноци како внатре во земјата така и во соседните земји каде што има електрична енергија,  како на пример во Бугарија која произведува базна енергија за регионот и исто така со Грција која што е практично логистичкиот центар на Балканскиот Полуостров.

Оваа зима мора да ја издржиме и да успееме и на пролет на зборуваме за нови успеси“, изјави премиерот Ковачевски.