КОЅИАС: Итно ни е потребна помош од ЕУ за да се справиме со бегaлската криза

Сподели

-“Грција ниту има можности, ниту расоплага со доволно финасиски ресурси за да прима бегалци, кои би биле вратени од земјите од Северна Европа. Некои земји од ЕУ сметаат дека јужна Италија и Грција можат да бидат искористени како складиште за бегалци.

– Грција манифестираше хуманост, кога ги прими бегалците. Нов бран од бегалци во текот на престојново лето ќе ни претставува огромен товар. Итно ни е потребна поголема помош од земјите од ЕУ за да се справиме со бегaлската криза. Поголемиот број европски земји прифатија многу малку бегалци. Потребно е спороведување на заеднички решенија, како тоа за прераспределба на бегалците во сите земји членки.”