Меј: Терористот за цел го избра срцето на нашиот главен град

Сподели

Британската премиерка Тереза Меј во врска со терористичкиот напад во близина на Парламентот во Лондон изјави дека парламентот не бил случајно избран за цел, јавува Anadolu Agency (AA).

Меј, по итната седница на Владата, на новинарите им рече дека се појавиле нови детали во врска со нападот.

„Терористот го избра срцето на нашиот главен град за цел. Лондон е место во кое живеат луѓе од сите нации, култури и религии, и град во кој наследни вредности се слободата, демократијата и духот на слободата. Парламентот кој претставува вредност како што се демократијата, слободата, човековите права и владеењето на правото доби наклонетост на слободните луѓе ширум светот. Затоа токму парламентот беше цел на оние кои ги отфрлаат овие вредности”, изјави Меј.

Таа напомена дека секој терористички напад и удар на вредностите кои ги претставува парламентот се осудени на неуспех.

„Парламентот утринава ќе заседава како и претходно. Граѓаните на Лондон и луѓето од другите земји од светот кое ќе го посетат овој голем град ќе имаат еден обичен ден. Сите заедно ќе продолжиме да напредуваме без повлекување пред тероризмот”, изјави Меј.

На крајот изрази благодарност кон припадниците на полицијата и безбедносните сили за храбрата реакција против терористичката закана.

Во терористичкиот напад во Лондон убиени се четири, а повредени 20 лица.