Кратења во здравствениот фонд – повод за 24 часовен штрајк на грчките новинари

Сподели

Грчките медиуми започнаа 24 часовен штрајк поради неуспешните преговори меѓу Владата и медиумските компании за спас на здравствениот осигурителен фонд ЕДОЕАП.

– Ја повикуваме Владата да преземе одговорност и веднаш да изнајде решение на проблемот бидејќи илјадници наши колеги имаат право на лекови, здравствена заштита и здравствено осигурување, изјави претставник на Синдикатот на новинари на Атина, кој организатор на протестите.

Фондот, преку кој голем број новинари добиваат здравствена заштита, се соочува со неликвидност и новинарите стравуваат дека ќе им биде ускратена здравствената заштита.