Кремљ ја поздравуви понудата на Ватикан за посредување

Сподели

 

Кремљ денеска соопшти дека ја поздравува понудата на Ватикан за обезбедување платформа за преговори за решавање на украинскиот конфликт, но дека позицијата на Киев го оневозможува тоа.

„Се разбира, ја поздравуваме таквата политичка волја, но со оглед на де факто и де јуре ситуацијата што сега ја имаме на украинската страна, таквите платформи не можат да бидат барани“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Папата Франциск пред 10 дена во интервју за италијанскиот дневен весник Ла Стампа повтори дека Ватикан е подготвен да направи се што е можно за да посредува за да се стави крај на конфликтот меѓу Русија и Украина.