Кривична пријава за измама на штета на средства на Европската заедница

Сподели

 

На 29.04.2022 од страна  на Одделението за внатрешни работи Кочани, во координација со надлежно јавно обвинителство поднесена е кривична пријава до Основно јавно обвинителство Кочани против М.С. (45), М.С. (41) и здружение на граѓани од Кочани.

Пријавените сториле седум кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 од КЗ и „Измама на штета на средства на Европската заедница“ по член 249-а од КЗ.

Пријавените, во временскиот период од 01.01.2019 година до 02.09.2019 година, со прикажување на лажни и неточни податоци и изјави и склучување на фиктивни договори, противправно присвоиле парични средства наменети за имплементација на проект во вредност од 522,700.00 денари, финансиран од Европска Комисија и регистриран во Централната база на податоци за странска помош при  Секретаријат за европски прашања во Влада на Република Северна Македонија, информираат од МВР.