Вчера во 21 часот полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од корона вирусот, во угостителски објект во Арачиново.
Притоа, во објектот се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 200 лица.
„Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата во врска со ковид-19. Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжуваат со засилените контроли во објекти во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус,“ се вели во соопштението од МВР.