Кривична пријава за заканувачот на премиерот Заев

Сподели

 

Секторот за компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 67-годишник од Скопје, кој на „Фејсбук“ објавил коментар со заканувачка содржина кон премиерот, Зоран Заев.

Според МВР, на 25 јули годинава, пријавениот, преку своето корисничко име на „Фејсбук“, објавил коментар со закана кон Премиерот на Република Северна Македонија.

Заев на 25. јули, по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, на седница во Собранието јавно кажа дека добил закана преку социјалните мрежи за „куршум во чело“ и ја пријавил во полиција.

Кривичната пријава е поднесена за кривично дело „загрозување на сигурноста“ по пат на информатички систем.