Кривични пријави против 2 физички и 1 правно лице за даночна измама

Сподели

 

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Кривична пријава против две физички и едно правно лице, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело ДАНОЧНА ИЗМАМА по член 279-а став 2 и член 22  од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Имено, пријавените физички лица, во својство на управител, односно овластен сметководител на пријавениот правен субјект, со намера да стекнат противправна имотна корист, во текот на 2017 и 2018 година до Управата за јавни приходи, поднеле три даночни пријави со лажни и невистинити податоци за износот на влезен промет и износот на влезно ДДВ, врз основа на кои ДДВ пријави извршиле неоснован поврат на ДДВ во корист на пријавениот правен субјект во вкупен износ од 14.507.184 денари, за кој износ го оштететиле Буџетот на Република Северна Македонија.