Кризниот штаб на Куманово одлучи да се редуцира физичкото присуство на наставниот кадар во училиштата

Сподели

 

Во просториите на Општина Куманово се одржа педесет и третти состанок на Општински штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот пристуствуваа претставници на Општински штаб, претставници од институции, организации, јавни претпријатија. На состанокот беа донесени следните препораки:

 

 

  • Општински штаб за заштита и спасување дава препорака до раководните лица на сите основни и средни општински училишта, во согласност со нивните овластувања, да го редуцираат физичкото присуство на наставниот кадар во училиштата, кој реализира онлајн настава, истата да ја реализира од дома, со цел да се намалат физичките контакти помеѓу вработените во училиштата;
  • Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Влада на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2м, носење на заштитни маски, како и да нема групирање на отворено, како и во затворени простории.

Општински штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира.