Кризниот штаб препорача ковид-изолацијата да трае 7 дена

Сподели

 

Главниот координативен кризен штаб ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

-На седницата се дискутираше и се усвои препорака за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена. Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести, поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот.

Препораката е доставена до Владата на Република Северна Македонија и треба да биде дискутирана на следната владина седница, соопштија од Влада.