Крстески: Изложба на Алфонс Муха во Прага

Сподели

За Дипломатскиот кор во Прага е организирана посета на Замокот во Моравски Крумлов, во близина на Брно, каде што е претставена изложба на дела од Алфонс Муха, еден од најзначајните чешки ликовни уметници, негувач, меѓу другото, и на славјанските настани, личности и обичаи, како што се и сесловенските просветители, Кирил и Методиј.

На отворањето на изложбата, за улогата и за значењето на уметникот и на неговите дела, зборуваа внукот, Џон Муха, како и градоначалничката на Брно, Маркета Ванкова.

Нашиот амбасадор во Чешката Република, д-р Емил Крстески, имаше неформален разговор со градоначалничката, Ванкова, со која е договорена и официјална средба на почетокот на јуни, како и со внукот, Џон Муха.