Месечината е полна еднаш месечно.
Сонцето и планетата-карусел
(цел живот се возам бесплатно).
Станот што се врти околу мене и
троседот чие сонце е телевизорот.
Ми се лупи кожата, јадам смокви
и мирисам на идни гревови.
Исток ми е во гените,
западот одамна надминат.
Овде сум се родил, овде ќе умрам.
Но не би сакал да почивам овде.
Сакам да бидам иселеник
барем откако ќе скинам.
Закопајте ме некаде каде
што имаат почит кон живите!