Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска и началникот на генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, денеска ќе присуствуваат на доброволна крводарителска акција на припадници на АРМ.
Во рамки на акцијата министарката Шеќеринска, началникот на ГШ, генералниот секретар на Црвениот Крст на Република Македонија, Саит Саити и директорот на Институтот за трансфузиска медицина, Емилија Велкова ќе врачат благодарници и признанија на припадници на АРМ кои се доброволни дарители на крв повеќе од 25 и 50 пати.
Од почетокот на оваа година АРМ во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија и Институтот за трансфузиска медицина, досега спроведе 18 крводарителски акции на кои се собрани 768 крвни единици од припадници на АРМ.
Акцијата е дел од планираните активности за одбележување на 25 години од формирањето на Армијата на Република Македонија.