Kрводарителска акција во знак на сеќавање на скопскиот земјотрес

Сподели

 

Општинската организација на Црвен крст од Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвен крст на Град Скопје на 24. јули ќе ја организираат традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на скопскиот земјотрес од 1963 година.

Акцијата ќе се одржи во дневниот центар за дарување во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во период од 9 до 17 часот и ќе биде спроведена по посебни здравствени протоколи.