Оваа година, Ден на градот Куманово – 11.ноември, ќе се одбележи скромно, со намален број на настани под посебни протоколи и мерки за заштита од корона вирусот, – изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Димитриевски на прес конференција, им го честиташе празникот на граѓаните и истакна дека, средствата што беа наменети за одржување на празничниот концерт, огнометот и новогодишното украсување на градот, ќе бидат наменети за обезбедување и набавка на таблети и друга електронска опрема, која ќе се користи за он – лајн настава за учeниците.
denesmagazin.mk