Кумановскиот ургентен центар изврши 50.000 хируршки и ортопедски прегледи и интервенции​

Сподели

 

“Во новиот Ургентен хируршки центар во Општата болница Куманово, за една година извршени се 34.100 хируршки и 8.000 отропедски прегледи. Направени се и 7.600 преврски, имобилизации, како и други хируршки интервенции.

Комплетно новиот објект е со површина од 750 метри квадратни и овозможува над 200 илјади граѓани од североисточниот регион, на едно место да добијат хируршки, ортопедски и анестезиолошки третман со современа медицинска опрема.

Продолжуваат инвестициите во кумановската болница” – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.