На Советот на Општина Куманово прифатен е предлогот и едногласно донесе одлука, за субвенционирање на јавен линиски превоз во наредните шест месеци со тенденција да продолжи и во иднина, објави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Со оваа одлука граѓаните во наредниот период ќе можат БЕСПЛАТНО ДА ГО КОРИСТАТ ЈАВНИОТ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ за своите потреби.
– Во време на економско-енергетска криза граѓаните на Општина Куманово добиваат можност за значителни заштеди во семејниот буџет.
– Ќе придонесеме за намалување на соодбраќајниот метеж во централното градско подрачје и намалување на загадувањето.
– Дополнително ќе се стремиме да се унапреди нивото на услуга во јавниот линиски превоз во Куманово и да стимулираме што е можно повеќе граѓани да користат јавен превоз за сопствените потреби, објави градоначалникот Димитриевски.